Промоција на три книги
Фондацијата Отворено општество – Македонија на 30 ноември 2018 година, во ГЕМ клубот во Стара чаршија, одржа промоција на книгите „Популистичкиот ум“ на Ернесто Лаклау, „За политичкото“ на Шантал Муф и „Безбедност, територија, население“ на Мишел Фуко.
Говорници на промоцијата беа Љупчо Петковски, извршен директор на Евротинк - Центар за европски стратегии, Ирина Талевска и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Настанот го модерираше Санта Аргирова, новинар и претседателка на Управниот одбор на ФООМ
72 photos · 157 views