#НеСеДише
Во Скопје не се дише, а уште не убедуваат во тоа дека разликата било што порано не се мерело, а сега се мери загадувањето. И не прават ништо. Толку напреднала власта во државава!
Со барање да ги заборават своите бизниси и да го прават она за што добиле мандат се собраа граѓаните од сите скопски општини на протест во организација на заедницата на еко-активисти „Skopje Smog Alarm“ и граѓанската иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“.
Поддржано од: Центар за истражување и информирање „Еко-свест“; Младинска организација „Go Green“; Здружение на граѓани “За нас се работи“; Граѓанска иницијатива „Ќе дишеме или ќе издишеме“; Здружение за култура и уметност; Факултет за работи што не се учат - ФРУ; АКТО фестивал за современа уметност; Здружение Плоштад Слобода; Граѓанска инцијатива Го сакам ГТЦ; Граѓанска акција „Заслужуваме подобро”; Платформата за граѓанска политика „Ајде“ и Фондација Отворено општество - Македонија.

20.12.2015 г., пред бараките на Град Скопје.
123 photos · 10,885 views
1